• Пон.- Саб. 8.00 - 18.00
  • Н. Ј. Вапцаров бр.3/2 MK, Делчево 2320
  • 072 714 474

Shop

KM330 DLt ( зелен )

Ознаки на чамецот:
KM – чамец со даска за мотор,
D – кобилица на надувување,
LT – олеснето дно тип (книга).

Description

Исклучителна серија чамци на надувување со кобилица, погодни за поголеми езера или отворена вода. Формата во V облик на кобилицата, му овозможува на чамецот да го држи правецот на движење дури и при посилни ветрови.

Сите спојки се направени со технологијата термо шев која во практика претставува најцврста неразделива спојка кај PVC чамците. Тврдото дно (тип книга) е изработено од  цврст материјал. Коморите кај моделите од KM 300 DL и KM 330 DL серијата се сферични што овозможува поголем внатрешен простор. Направени се од 5 слоен PVC материјал со UV заштита и густина ( јачина) на материјалот од  950 гр.2. Стандардни бои се зелена и сива за друга боја се доплаќа (темно сива,светло сива.сино сива.портокалова +6500ден) за маскирна боја (+7200ден)

Дополнителните додатоци како што се: сврзувачки елементи за прицврстување, безбедносно јаже, удобни рачки за лесно носење и даската за мотор појачана со гума зборуваат за врвната изработка на овие чамци.

Даски (клупи) за седење кои се подесуваат по должина или се отстрануваат по потреба.

 

 

Заштитен вентил од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.

 

 

 

За да се осигура подобар комфорт  даската (клупата) за седење можеме да ја местиме  по должина.

 

 

 

Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.

 

 

Даска за мотор  цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема  цврстина.

 

 

Тврдо дно (тип книга) на преклопување што го покрива целиот чамец, а секој дел од дното е поврзано со друг дел преку мобилна врска. Лесна инсталација и максимална удобност.

 

 

Материјал направен од комбинација на PVC слоеви, текстил за армирање, лепак и  UV заштита.

 

 

Спецификација:

Размер 330 x 160 см
Размер на соберен чамец 110 х 65 х 50 см
Диаметар на комори 42 см
Број на комори 3+1
Тежина на чамец 52 кг
Носивост 455 кг
Број на патници 4
Дозволен мотор 15 к.с.
Класа на пловност СЕ C

Комплетот вклучува:

  • Чамец,
  • Весла: 2 бр.,
  • Даска за седење: 2 бр.,
  • Тврдо дно тип (книга),
  • Ножна пумпа,
  • Комплет за ремонт,
  • Торба за транспорт,
  • Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.